ДРАНДАР, Антон Хаџигеоргиев

ДРАНДАР, Антон Хаџигеоргиев (псевд. А. Брутус) (Велес, 1837 – Софија, 25. Ⅲ 1925) – правник, национален деец, трговец, новинар и публицист. Завршил лицеј во Будимпешта (од 1850), а потоа право и дипломатија во Лондон. Извесно време се занимавал со трговија во Солун. Подоцна емигрирал во Софија (1878), каде што бил судија и началник за печатот, а потоа се оддал на новинарство и публицистика за германски, англиски и француски весници. Објавил по-Насловна страница на книгата „По повод движењето во Македонија” веќе публицистички трудови, меѓу кои и книгите „Положбата на христијаните во Македонија” (1867) и „Турската администрација во Македонија” (1868). БИБ.: Ла ситуатион дес цхрéтиенс ен Мацéдоине, Леипзиг, 1867; Л’администратион турљуе ен Мацéдоине, Леипзиг, 1869; Ла љуестион дес цапитулатионс ет де леур суппрессион данс ла принципауте де Булгарие, Парис, 1883; Цинљ анс де регне (ле принце де Баттенберг), Парис, 1884; Лес траитес де цоммерце ет ла љуестион дес оцтриос ет аццисес ен Булгарие, Парис, 1885; Лес евенементс политиљуес ен Булгарие депуис 1876. јусљу’ à нос јоурс, Бруџеллес, 1896; Ла ситуатион дес Славес ет дес Роумаинс ен Аутрицхе-Хонгрие, Бруџеллес, 1900; À пропос д’ун моувемент ен Мацéдоине, Бруџеллес, 1900 (под псевдонимот А. Брутус); Ла Булгарие соус ле принце Фердинанд, Бруџеллес, 1909; Ацтуалитéс Балканиљуес, Бруџселлес. 1912. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *