ДРАНГОВ, Кирил

ДРАНГОВ, Кирил (Лом, Бугарија, 17. Ⅳ 1902 – Софија, 8. Ⅵ 1946) – член на ВМРО. Син на Борис Дрангов. Завршил гимназија во Софија, а како студент на Правниот факултет при Универзитетот во Софија бил еден од основачите на Македонското студентско друштво „Вардар”, еден од најблиските соработници на Ив. Михајлов, пунктов началник на ВМРО за Софија и резервен член на ЦК на ВМРО (1932). Во времето на бугарската окупација на Македонија (1941–1944) работел како адвокат во Скопје, се застапувал за автономија на Македонија. По капитулацијата на Бугарија се вратил во Софија. Пред да биде уапсен, се самоубил. ЛИТ.: Борис Дрангов, Сборник материали и научни изследвания, София, 1993. З. Тод.