ДРАНГОВ, Борис

ДРАНГОВ, Борис (Скопје, 3. Ⅲ 1872 – р. Црна Река, 26. Ⅴ 1917) – учесник во Илинденското востание, полковник во Бугарската војска. Учел во Педагошкото училиште во Скопје, потоа во Военото училиште во Софија. Завршил Генералштабна академија во Санкт Петер-бург (Русија). Бил професор во Военото училиште во Софија (1910). Во Балканските војни учествувал како офицер на бугарската армија. Во Првата светска војна бил командир на 5. македонски пешадиски полк, по окупацијата началник на школата за резервни офицери во Скопје. Загинал кај р. Црна, во близина на Градско (1917) и погребан е во Скопје. Автор е на трудови со воена тематика. ЛИТ.: Борис Дрангов. Сборник материали и научни изследвания, София, 1993. З. Тод.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *