ДРАГУМИС, Јоанис

ДРАГУМИС, Јоанис (Атина, 2. IX 1878 – Атина, 31. Ⅶ 1920) – грчки дипломат и политичар, учесник во Грчко-турската војна (1897). Станал секретар на Грчкиот конзулат во Битола (1902). Тука ја формирал тајната организацијата „Амина”. Подоцна бил преместен во Конзулатот во Серез. Бил еден од организаторите на оружената фаза на грчката пропаганда во Македонија. Активно учествувал во Балканските војни и бил во грчката делегација во преговорите со турската команда за предавање на Солун на Грција. ЛИТ.: Герасимос Аугустинос, Цонсциоуснесс анд хисторѕ: Натионалист цритицс оф греек социетѕ 1897–1914, Нењ Ѕорк; Крсте Битоски, Дејноста на Пелагониската митрополија 1878–1912, Скопје, 1968. Д. Јов.