ДРАГОТА

ДРАГОТА (?–1255) – благородник од Мелник, водач на востание против Никејците. Бил командант на Сер, поставен од Бугарите. Градот им го предал на Никејците (1246) и им помогнал да го освојат Мелник. За тоа како награда бил поставен за управник на Мелник. Незадоволен од Никејците (1255), кренал востание. Во борба со Никејците загинал, прегазен од коњи. ЛИТ.: К. Аџиевски, Востанието на Драгота (1255), „Историја”, ЏЏЏИВ / ЏЏЏВ, 1–4, 1998/1999. К. Аџ.