ДРАГОЕВИЌ-ЈОСИФОВСКА, Борка

ДРАГОЕВИЌ-ЈОСИФОВСКА, Борка (с. Горња Србица, БиХ, 1910 – Скопје, 2003) – класичен филолог. Дипломирала класична филологија и археологија на Филозофскиот факултет во Белград (1934). Работи како кустос во Археолошкиот музеј во Скопје (1948 –1958), а потоа како професор по латински јазик на Катедрата за класична филологија (до 1976). Во 1956 го уредила лапидариумот во Куршумли-ан. Вршела истражувања на повеќе локалитети: Исар – Марвинци, Драчево, Живојно, Стоби, Скупи и др. Член е на одборите за издавање на античките натписи од Југославија и на Табула Империи Романи. БИБ.: Стоби – Водич низ Стоби, Скопје, 1953; Водич низ лапидариум, Скопје, 1961; Инсцриптион де ла Месие Супериеур, Вол. Ⅵ (Сцупи ет ла регион де Куманово), Београд, 1982. Д. З.