ДОЈЧИНОВ, Иван Христов

ДОЈЧИНОВ, Иван Христов (Димче шпанецот) (Гевгелија, 11. Ⅰ 1909 – Скопје, 29. Ⅰ 1991) – металски работник, интернационален комунистички деец, шпански борец и воен командант во НОАВМ. По Првата светска војна емигрирал во Аргентина и станал член на КПА (од 1932), член на Секретаријатот на КПА во Буенос Ајрес, член на Антиимперијалистичката лига на Аргентина, но и соработник на тамошните македонски организации и во весникот „Македонски глас”. Двеипол години минал по аргентинските затвори. Како доброволец во шпанската граѓанска војна (1936–1939), бил член на КПш, трипати бил рануван и војната ја завршил како капетан. По престојот во концентрациони логори во Франција, се вклучил на НОБ како инструктор на ПК на КП во Македонија, во Гевгелија (1941) и како член на Воената комисија на МК во Гевгелија (1941), член на Покраинскиот воен штаб (1941), командант е на Мавровско-кичевскиот НОПО (мај 1943), командант е на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ, член е и заменик-командант на Гш на НОВ и ПОМ, заменик командант на Третата македонска НОУБ, на дивизија и на корпус. Бил учесник на Првото и на Второто заседание на АСНОМ. По Ослободувањето ја завршил Воената академија „Фрунзе” во Москва, а по враќањето (1948) во чин потполковник бил командант на Валевската воена област и началник на Оперативното одделение на Петтата армиска област. Ја прифатил Резолуцијата на Информбирото, бил уапсен (кон крајот на 1950) и осуден на 9 години строг затвор и на 3 години ограничени права (1. XI 1951). Казната ја издржувал во КПД Билеќа (март 1952 – 1954), на Голи Оток и во Казнениот затвор во Белград, а потоа помилуван и ослободен (1956). Со тешкотии се вработил во Металскиот завод во Скопје, но бил под сомнение и пак бил уапсен (јуни 1958), а по шест месеци ослободен како невин и емигрирал во Буга-Иван Дојчинов (десно) рија. Подоцна, пак се вратил во Скопје. Носител е на Партизанска споменица 1941. БИБ.: Мадрид се брани. Во срцето на шпанија, Скопје, 1975, 119–127; Придонесот на југословенската емиграција во Аргентина, на истото место, 113–118; Деца без солзи, на ист. место, 135–139; Одбрана Мадрида, шпанија 1936–1939, кнјига друга, Београд, 1971, 148–156; Доприниос југословенске емиграције у Аргентини, на ист. место, кнјига пета, 362–367. ЛИТ.: Перо Коробар, Божо Стефановски, Во интернационалните бригади на шпанија, зборник, Скопје, 1989; Димче Најчески, Личности и судбини, зборник Голооточки сведоштва, книга втора, Скопје, 2002, 76–84; Блаже Ристовски, Македонскиот стих 1900–1944. Истражувања и материјали Ⅱ, Скопје 1980, 299–300 С. Мл. ДОЈЧИНОВ МОРАВА, Тодор

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *