ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО – тектонско езеро во крајниот југоисточен дел на РМ. Се наоѓа на н.в. од 148 м. Преку него поминува границата со РГ. Има типична елипсоидна форма, со должина во правец север–југ од 8,9 км и широчина во правец запад–исток од 7,1 км. Вкупната должина на брегот изнесува 26,5 км. Зафаќа површина 2 од 43 км , од која на РМ $ припа22 ѓаат 27,4 км , а на Грција 15,6 км . Најголемата длабочина достигнува до 10 м, просечната е 6,7 м, а во базенот има акумулирано 0,28 3 км вода. Средногодишниот водостој на езерото изнесува 156 цм – тој е најголем во мај (205 цм), а Дојранско Езеро најмал во октомври (130 цм). Апсолутен максимум на водостојот од 311 цм е забележан во април 1956 г., а апсолутен минимум од –71 цм во 1990 г. Езерото е богато со риба, која се лови во мандри со помош на птиците корморани. Поради малата надморска височина, јужната положба, малата количина вода, големата инсолација и високата температура на воздухот, Дојранското Езеро е најтопло езеро во нашата земја. Средната годишна температура на површинскиот слој на езерската вода изнесува 14,8 °Ц. Највисока е во месец јули 24,3 °Ц, а најниска во февруари 3,9 °Ц. Сезоната за капење во текот на годината може да трае и до 5 месеци (од крајот на мај до почетокот на октомври), кога е масовно посетено од страна на туристите. Температурата на водата летно време достигнува до 30,4 °Ц, а при студени зими тоа целосно замрзнува. Поради големата загуба на вода, во периодот 1988–2000 г. е изграден систем за полнење преку префрлање на водите од сливот на р. Вардар во сливот на Дојранското Езеро. ЛИТ.: Група автори, Состојби и перспективи за заштита на Дојранското Езеро, ДЕМ, Скопје, 1969; Александар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2002. Др. В.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.