ДОЈРАНСКА КОТЛИНА

ДОЈРАНСКА КОТЛИНА – котлина во крајниот југоисточен дел на РМ. Настанала со неотектонските движења на издигање и тонење во неогенот, по должината на раседните линии на Беласица од северозапад на која се наоѓаат неколку поистакнати врвови: Чатал Чешма и Тепе (1.474 м); ниската планина Даб (974 м) од запад; од исток ограноците на Круша Планина. Котлината има триаголна форма во која е сместено Дојранското Езеро. Поголем дел од Котлината, особено дното – рамништето, лежи во Егејскиот дел на Македонија (Грција), а на територијата од Република Македонијазафаќа површина од 62 км², со надморска височина од 148 м до 148,5 м. На Котлината $ припаѓаат крајните југозападни делови од планината Беласица, кои стрмно се спуштаат во Асанлиско Поле. Езерото во плеистоценот по својата фор-ма и големина било поголемо. Најпозната населба е Дојран што претставува важен туристички центар. ЛИТ.: Т. Андоновски, М. Зиков, Морфолошки и морфометриски карактеристики на Дојранското Езеро и влијанието на осцилациите врз нивното создавање, МАНУ, Скопје, 1991; А. Стојмилов, Физичка географија на Р Македонија, ПМФ, Скопје, 2003. Т. Анд.