ДОЦЕВСКИ, Борислав Ванчов

ДОЦЕВСКИ, Борислав Ванчов (Куманово, 14. Ⅻ 1938 – Скопје, 15. Ⅰ 2004) – спец. по абдоминална хирургија, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Бил директор на Клиниката за дигестивна хирургија, шеф на Катедрата по хирургија. Автор е на бројни стручни и научни трудови, модератор е и раководител на повеќе стручни состаноци, симпозиуми и конгреси, главно од областа на дигестивната хирургија. Бр. Н.