ДОРОВСКИ, Иван

ДОРОВСКИ, Иван (Доровскö, Иван) (с. Чука, Гребенско, Егејскиот дел на Македонија, 18. В1935)–книжевен историчар, поет, преведувач, славист, антологичар и балканолог, доктор по филолошки науки и универзитетски професор. Работел на Катедрата за руски јазик (1961&1963), на Катедрата за странски јазици (1963&1968), во Ка-Иван Доровски бинетот за балканистика и унгаристика (1968&1995, каде бил и шеф) и во Институтот за славистика (1995&) на Масариковиот универзитет во Брно; член на МАНУ надвор од работниот состав (14. Ⅴ 1979), почесен член на ДПМ ипочесен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” (2000). Во времето на Граѓанската војна во Грција неговото семејство емигрирало во Чехословачка (1948). Дипломирал на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Брно, каде што ја одбранил и кандидатската дисертација „Рајко Жинзифов и руската и украинската литература” (1974). Бил професор по Историја на литературата на балканските народи на Филозофскиот факултет во Брно и главен и одговорен уредник на списанијата „Университас”, „Šтафета”и„Пропръáтелејижницх Слованö” (од 2001 г. преименувано во „Слованскýјих”). Одржувал блиски врски со РМ, ги проучувал македонскиот јазик и литературата, македонскочешките книжевни врски, предавал историја на македонската литература и водел вежби по македонски јазик. Негова заслуга е отворањето на лекторатот по македонски јазик на Масариковиот универзитет во Брно (1993). Автор е на над 40 монографии и над 2.750 други библиографски единици. БИБ.: Èескé земеъ а Балкáн. Капитолу а деъјин èеско-македонскýцх а македонско-èескýцх стук, Брно, 1973; Чешка и Македонија – меѓусебни врски, Скопје, 1974; Воздействие русской и украинской литератури на творчество Райко Жинзифова, Брно, 1988; Студии за балканскиот литературен процес во ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ век, Скопје, 1992; Èеско-макекдонскý а македонско-èескý словник, Брно, 1994 (во коавторство со Драги Стефанија); Македонци жији Внáми, 1, Брно, 1998; Словник балкáнскýцх списовател&, Праха, 2001; Воздејството на руската и украинската книжевност врз творештвото на Рајко Жинзифов, Скопје, 2003; Словник аутор& свеътовé литературѕ про деъти а млáдеж. И. Захраниèни списователé, Праха, 2007; Македонци жији нáми, 2, Брно-Босковице, 2008. ЛИТ.: Иван Доровскý, Библиографие, Брно, 1995, 2000; Слависта с дуšи бáсника, Брно, 2005. С. Мл.