ДОРЕВ, Панчо Тодоров

ДОРЕВ, Панчо Тодоров (Пателе, Леринско, 25. Ⅱ 1878 – Софија, 28. Ⅻ 1938) – правник, политичар и историчар – прв македонски османист. Завршил гимназија во Битола и правен факултет во Цариград, а потоа бил адвокат (1903) и гимназиски професор (1903/1904) во Битола, каде што посредувал меѓу ТМОРО и дипломатскиот кор во градот. Потоа специјализирал право во Виена (1904–1907). Кандидиран од Сојузот на бугарските конституциони клубови во Македонија, бил избран за пратеник од Битолскиот вилает во Турскиот парламент (1908–1912). Се спротиставил на обновената четничка дејност на ВМРО на Тодор Александров. Бил световен советник на Бугарската егзархија (1909–1911) и го издавал в. „Светлина” (Солун, 1912). Потоа бил во бугарска дипломатска служба во Цариград (1912–1914), Будимпешта (1914– 1916), Лондон (1921), Виена, Александрија (1922–1923) и во Прага (1932–1934). БИБ.: Унгария. Маджарите в политическите, културните и стопанските отношения, София, 1917; Вњншна политика и причини на нашите катастрофи, Софиџ, 1924; Външна политика, Наши и световни проблеми, Софиџ,1926; Народните борби в Македония, Българцината в Битолско (според документи от турските държавни архиви), „Македонски преглед”, Но 1–4, Софи®, 1936, 1–18; Костурско в македонската револуци®, Софи®, 1937; Документи из турските държавни архиви (1564–1872), И–Ⅱ, Софиџ, 1940 и 1942. С. Мл. Кирил Доревски