ДОНЧЕВА, Радојка

ДОНЧЕВА, Радојка (Блатец, 17. Ⅶ 1950) – инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 2002 г.) по предмети од областа на патиштата, на кои и докторирала. Во научноистражувачката работа акцент ставала врз влијанието на геометриските елементи на патот врз безбедноста во сообраќајот. Активно учествувала во апликативната работа и давала придонес во оформувањето на патната мрежа кај нас. Главно дело: „Патишта” (во два тома, 2005). Љ. Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *