ДОНСКА, Љубица Накова

ДОНСКА, Љубица Накова (Штип, 1. IX 1931) – уметник-акварелист и пејзажист, прва повоена жена сликарка од Источна Македонија. Ја завршила Вишата педагошка школа (ликовна насока) во класата на В. Коџоман, а потоа целиот работен век го поминала како средношколски наставник по ликовно воспитание и директор на основно училиште. Основна преокупација во сликарството $ е акварелот, со мотиви од македонското поднебје (стара градска архитектура и идилични пејзажи). Првата самостојна изложба ја организирала во 1957 г., а во текот на 50-годишниот активен сликарски период има приредено над 30 самостојни изложби во Македонија и во други поранешни републики. Бл. Р.