ДОНОВА, Илинка Димева

ДОНОВА, Илинка Димева (с. Со-пот, Кавадаречко, 29. Ⅹ 1946) – редовен професор (2004) на ПМФ (Институт за хемија). Дипломирала (1970) и магистрирала (1981) на ПМФ во Скопје, а докторирала (1992) во Љубљана (Словенија). Изведувала настава по Општа и неорганска хемија, по Аналитичка хемија и по Историја на хемијата. Објавила десетина трудови (половината во странство), а на научни собири презентирала триесетина соопштенија. Учествувала во обработката на 4 научноистражувачки проекти. Била раководител на Заводот за аналитичка хемија на Институтот за хемија на ПМФ. ЛИТ.: Природно-математички факултетСкопје, 1946–1996, Скопје, 1996, 247; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, 234. Б. ш.