ДОНЕВ, Дончо Методиев

ДОНЕВ, Дончо Методиев (Штип, 25. XI 1949) – спец. по социјална медицина, редовен проф. на Мед. ф. Медицинските студии ги завршил во Скопје (1973), специјалистички испит по социјална медицина (1981) и докторирал на Мед. ф. во Скопје (1993). Бил на усовршување во Атланта, САД (1993-1994, Хјуберт Хамфри програма), а потоа ја основал Македонско-американската алумни асоцијација во Скопје (2000). Основач е на Катедрата за социјална медицина (1994) и на Институтот за социјална медицина (1997). Од 2005 г. е именуван за национален соработник на СЗО за превенција и контрола на незаразните болести. Објавил 140 стручно-научни трудови и соработувал во 15 домашни и меѓународни стручни публикации. БИБ.: Здравјето на човекот – дефиниција, концепт и содржина. Како настанува болеста и природен тек на болеста. Современ концепт и дефиниција на здравствената заштита, во: Б. Никодијевиќ и др., Современа дијагностика и терапија во медицината, Скопје, 2000, 5-19; Глоссарѕ оф Социал Протецтион Термс, Еуропеан Цоммиссион ПХАРЕ Цонсенсус Программе, 2000; Скопје Децларатион он Публиц Хеалтх, Пеаце – Хуман Ригхтс, „Цроатиан Медицал Јоурнал” (Децембер 2001), 43 (2), Загреб, 2002, 105-6, (њњњ.цмј.хр); Тхе Роле анд Организатион оф Хеалтх Сѕстемс, во: В. Бјеговиц – Д. Донев Ед., Хеалтх Сѕстемс анд тхеир Евиденце Басед Девелопмент. Стабилитѕ Пацт фор Соутх Еастерн Еуропе Публиц Хеалтх Цооператион, Лаге, 2004, 17-46, (њњњ.снз.хр/пхсее); Ревитализатион оф Ацадемиц Медицине ин Мацедониа – Ан Ургент Неед, во: А. Марусиц ед., Ревитализатион оф Ацадемиц Медицине, Загреб, 2005, 136-49, (њњњ.цмј.хр). Д. Д.