ДОНЕВА, Васка Асенова

ДОНЕВА, Васка Асенова (Штип, 24. Ⅻ 1924 – Скопје, 22 мај 1993) – педијатар, ревматолог, ендокринолог, унив. проф. Завршила Мед. ф. во Белград (1951), а специјализација по педијатрија (1956) на Мед. ф. во Скопје. Хабилитирала (1971) и докторирала од областа на ревматологијата (1979), а потоа е избрана за наставник по педијатрија. Се занимавала со ревмокардиолошките и ендокринолошките проблеми кај децата и ги формирала соодветните оддели на Клиниката за педијатрија. Објавила бројни трудови од овие подрачја. Била учесник во НОБ и активен општествен работник. Н. П. -Ј. Ѓорѓи Доневски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *