ДОМЕТА

ДОМЕТА (Добета) (IX в.) – управник на административната област Кутмичевица (Јузозападна Македонија, Албанија и Северна Грција), со центар Девол. Бугарскиот владетел Борис ја одделил Кутмичевица од Котокиј и го поставил Домета за управник на областа (886), којшто му помагал на св. Климент во мисионерската работа (Пространо Климентово житие). ЛИТ.: Ј. Белчовски, Охридската архиепископија од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт, Скопје, 1997. Б. Петр.