ДОЛНО ПАЛЧИШТЕ ТУМБА

ДОЛНО ПАЛЧИШТЕ – ТУМБА . – повеќеслојна неолитска населба кај с. Долно Палчиште. Населбата се одликувала со континуиран живот од раниот неолит до енеолитот. Културно и хронолошки припаѓа на Анзабегово –вршничката културна група, а во духовната култура е присутен култот на Големата Мајка. ЛИТ.: Д. Здравковски – С. Саржоски, Тумба/Палчиште, „АР“, 28, Лјублјана, 1989, 43; Д. Здравковски, Тумба во село Долно Палчиште-Тетово, „МАА“, 12, Скопје, 1991, 131-144. Д. З. Домати