ДОЛГОВА-КОРУБИН, Вера Рампова

ДОЛГОВА-КОРУБИН, Вера Рампова (Прилеп, 9. XI 1925) – патофизиолог, редовен проф. Дипломирала на Мед. ф. во Белград. Од 1953 до 1988 г. работела во Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина при Мед. ф. во Скопје, а од 1982 до 1986 г. е директор и шеф на Катедрата. Има објавено 127 труда и раководела повеќе научни проекти. Д. С.–Б.