ДОКО, Усни

ДОКО, Усни (Охрид, 17. Ⅵ 1933 – Белград, 2005) – кајакар (заедно со Рамиз Зекир). Биле членови на ВК „Стрмец” во Охрид, каде што (1948) учествувале на првенствата на Југославија во кајак двосед (К–2) на мирни води: освоиле прво место на 1000 м (1952), три пр-ви места на 500, 1.000 и 10.000 м, а во К–4 на 500 м второ место (1953). Во екипна конкуренција освоиле: второ (1950 и 1952), прво (1954) и три трети места (1948, Усни Доко 1949 и 1953). Настапиле за Репрезентацијата на Југославија на Светското првенство на мирни води во Макон (Франција, 1954), а во К–4 го освоиле деветтото мес-то. Д. С.

mk_MKMacedonian