ДОКИЌ, Дејан Велимиров

ДОКИЌ, Дејан Велимиров (Скопје, 14. Ⅳ 1960) – интернист пулмолог-алерголог, редовен проф. на Мед. ф. (од 2003) во Скопје. Мед. ф., специјализација и супспецијализација завршил во Скопје, каде што и магистрирал (1988) и докторирал (1992). Бил директор на Клиниката за пулмологија и алергологија и уредник на ММП (2000-2001). Објавил 180 научни трудови. ИЗВ.: Билтен на ⅩⅤ-то изборно собрание, И том, Втор дел, МАНУ, Скопје, 2006. БИБ.: Имунотерапија, С копје, 1992; Современа дијагностика и терапија во медицината, Скопје, 2000; Интерна медицина–практикум, Скопје, 2004; Фармакотераписки прирачник, Скопје, 2006. Сл. М. П. Сехадет Мекули Доко