ДОГОВОРИ ТИТО – ШУБАшИќ

ДОГОВОРИ ТИТО – ШУБАшИќ (1944) – договорите на Јо-сип Броз Тито, претседател на Националниот комитет за ослободување на Југославија и д-р Иван шубашиќ, претседател на Кралската југословенска влада. На 16. Ⅵ 1944 г, на о. Вис бил склучен првиот Договор за соработка, со застапување на Велика Британија. Кралската влада ја признала привремената управа воспоставена преку АВНОЈ и презела обврска да организира помош на НО војска на Југославија. Тито презел обврска да не го поставува прашањето за дефинитивното уредување на Југославија во времето на Војната. Во Бел-град (1. XI 1944) потпишале втор Договор за државниот континуитет на Југославија, кралот Петар Ⅱ да не се враќа до донесувањето одлука за тоа; кралската власт да ја извршува Кралско намесништво именувано со уставен акт на кралот, по предлог од неговата влада, а во согласност со Тито. Се договориле и за формирање заедничка Влада на Југославија од 22 ресорни и 6 министри без ресор за федералните единици, во тој ред и за Македонија. ЛИТ.: Балкански уговорни односи, Ⅱ (1919– 1945), Приредио Момир Стојковиќ, Београд, 1988. М. Мин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *