ДОБРОМИРОВО ЕВАНГЕЛИЕ

ДОБРОМИРОВО ЕВАНГЕЛИЕ -. најстаро кирилско четвороев., македонски ракопис од поч. на Ⅻ в. Се чува во три различни библиотеки: во РНБ – поранешна Публична библ. (ГПБ) во Санкт Петербург (183 л.), сигн ЉнИ 55; два негови дела се наоѓаат во библиотеката на манастирот „Св. Катерина” на Синај (со библиотечни ознаки 43 (23 л.) и 7/Н (9 л.), каде што, всушност, до втората половина на ⅩⅠⅩ в. се наоѓал целиот ракопис. Два листа се наоѓаат во Националната библ. во Париз, сигн. 65. Тоа значи дека од Добромировото ев. сега се пронајдени 217 пергаментни л. Името го носи по забелешката што стои како п.с. на л. 121 на крајот од Ев. по Лука дека ракописот го пишувал поп Добромир. Го довршил друг писар. Кирилските букви на Д. е. по својот општ впечаток потсетуваат на глаголицата. Според јазичните особености, тоа е пишувано во рамките на Охридската книжевна школа. Кодексот е особено значаен по тоа што претставува премин од канонските старословенски текстови во т.н. црковнословенски. В. Д. Александар Доброхотов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *