ДОБРОВОЛЕЧКИ ПОЛК

ДОБРОВОЛЕЧКИ ПОЛК – антикомунистичка и антимакедонска бугарска воена единица во Егејскиот дел од Македонија (1944), формиран со одлука на Бугарскиот клуб во Солун, Бугарско-македонскиот комитет и ЦК на ВМРО, составен од три баталјони (Костурскиот, Леринскиот и Воденскиот). Полкот учествувал во воените дејства против припадниците на грчкото комунистичко и македонското националноослободително движење. ЛИТ.: Историја на Македонскиот народ, В, Скопје, 2003. Ст. Кис.