ДМБЕНИ , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО

„ДМБЕНИ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Гери, Индијана, САД, 1906) – друштво на Македонците во САД и Канада по потекло од селото Д’мбени (Костурско). Подоцна Друштвото било преименувано „Лазар Поп Трајков“, по името на македонскиот револуционер од тоа село. Членовите на Друштвото што живееле во Торонто (Канада), се одделиле (1940) и основале свое „Д’мбенско селско спомагателно друштво – Лазар Поп Трајков“. Сл. Н.-К. Факсимил на весникот „Дневник