ДИЈАГОНАЛЕН ПАТ

ДИЈАГОНАЛЕН ПАТ – антички пат забележен на Појтингеровата карта на релацијата Херакле-Демир Капија, сегмент од Дијагоналниот пат ја Линкестидска (Битола)–Керамија (Варош, Прилеп)–Еу(да)рист (Дреново)–Стоби (Градско)– Астибо (Штип)–Транупара (Коњух)–Пауталија (ќустендил)–Сердика (Софија). На трасата го нема градот Стибера (Чепигово), но кај географот од Равена е спомнат како Истубера (меѓу Хераклеја и Керамија). Се смета дека првиот дел од трасата, во предисторијата и во најраната антика, меѓу градот Линк и Аударист, односно Стоби, водел долж р. Еригон. Во римско време овој рискантен пат бил избегнат со трасата ХераклејаКерамија–Еу(да)рист–Стоби. Делницата од Стоби до Пауталија е предмет на дискусии, односно постојат две хипотези: варијанта на релацијата СтобиШтип–долината на р. Брегалница–Пауталија, или варијанта СтобиШтип–Коњух–Крива Река–Пауталија. Од Пауталија па-тот водел кон Сердика. ЛИТ.: В. Лилчиќ, Античка патна мрежа, Археолошка карта на Република Македонија, И, Скопје, 1994, 114; И. Микулчиќ, Антички градови во Македонија, Скопје, 1999, 228–230; М. Јованов, Нови согледувања за античкиот пат Стоби – Пауталија, „Македонско наследство”, 20, Скопје, 2002, 11–22. В. Л.