ДИСПАНЗЕРИ

ДИСПАНЗЕРИ -. специјализирани работни и организациски делови во одделни служби, односно дејности на здравствениот дом, кои користат активни стручни методи на работа при укажувањето и обезбедувањето примарна здравствена заштита за определени групи население, како што се: детски диспанзери (за деца од 0 до 6 г.), диспанзери за училишни деца и младина (за деца и младина од 7 до 19 г. и за редовни студенти до 26 г.), диспанзери за жени (за жени над 15-годишна возраст) и диспанзери за медицина на трудот (за работници), како и диспанзери за определени гранки на медицината, како што се: пневмофтизиолошки диспанзери (за сузбивање на туберкулозата), кожно-венерични диспанзери (за превенција и заштита од кожни и сексуално преносливи болести) и др. За превенција и контрола на одделни хронични незаразни болести се формираат диспанзери/центри на регионално или на републичко ниво, самостојно или во состав на други здравствени установи (диспанзер за ментално здравје, диспанзер за болестите на срцето и крвните садови, диспанзер за ма-лигните неоплазми, диспанзер за шеќерната болест и др.). Д. Д.