ДИНКОВА, Славка Костадинова

ДИНКОВА, Славка Костадинова (Солун, 1850 – Солун, 1869) – првата позната учителка, новинарка и феминистка во Македонија. ќерка на преродбеничкото семејство на Костадин и Велика Држиловци и сестра на Георги Динката. По завршувањето на грчкото и на француското училиште во родниот град, го води првото женско училиште „на нашиот прероден мајчин јазик” (1866–1868) и објавува феминистички статии во в. „Македония” (1868), преведувајќи ги и „одличните писма на Аделаида де Тоне”. Прераната смрт ги прекинува и нејзините поетски амбиции. ЛИТ.: Блаже Ристовски, Славка Динкова, „Просветно дело”, ⅩⅣ, 1–2, Скопје, 1958, 62–69; истиот во „Разгледи”, В, 10, Скопје, 1. Ⅵ 1958, 9; истиот, Портрети и процеси од македонската литературна и национална историја, И, Скопје, 108–121. Бл. Р.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *