ДИНЕВСКИ, Вукан

ДИНЕВСКИ, Вукан (Гостивар, 22. Ⅳ 1927 – Скопје, 27. IX 2006) – актер, режисер, педагошки работник, бележит интерпретатор на народната и на уметничката поезија. Завршил Средна државна театарска школа и Филозофски факултет во Скопје и Театарска академија во Загреб. Член е на Драмата на МНТ (1952–1964 и 1966–1973). Во меѓувреме, (1964– 1966), член на Драмскиот театар во Скопје. Професор е на ФДУ во Скопје. Улоги: Дон Јере („Глорија”); Иследникот („Вител”); Џими („Вејка на ветрот”); Леонардо („Крвави свадби”) и др. Режии: „Парадоксот на Диоген”; „швејк во Втората светска војна”; „Венецијанските близнаци”; „Крал Лир”; „Злосторство и казна”. Р. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *