ДИМЧЕВ, Димо Н

ДИМЧЕВ, Димо Н. (Доброшани, Штипско, 9. Ⅶ 1952) – поет, раскажувач и преведувач од влашката националност во Македонија. Завршил Економски факултет во Скопје. Работи во Македонското радио. Основач е и уредник на весникот „Феникс”. На влашки го превел Сердарот од Прличев и други дела од македонски автори. Член е на ДПМ. БИБ.: Клукајдрвецу море клукајдрвецу, влашки народни песни, Ск., 1985; Смртен крик, поезија, Ск., 1989; Света надеж, поезија, Ск., 1990; Колевка, раскази, Ск., 1990; Влашки буквар, Ск., 1994; Мила е мама, поезија за деца, Ск., 1996; Гордиот овчарски син, поезија за деца, Ск., 1999. П. Гил. Благоја Димчевски