ДИМЧЕВСКИ, Благоја

ДИМЧЕВСКИ, Благоја (Скопје, 27. Ⅷ 1950) – виолинист. Дипломирал на Конзерваториумот „П. И. Чајковски” во Москва (Е. Чугаева, И. Јанкелевич, 1975), каде што и магистрирал (Е. Чугаева, 1977). Еден од најекспонираните виолинисти во поранешна Југославија. Од 1982 г. живее и работи во Тулуз (Франција), каде што е концертмајстор и солист при Националниот оркестар, како и професор на Високата школа и во Центарот за музика и танц. Од 2003 г. е и концертмајстор на „Метрополитана” оркестарот во Лисабон. Сн. Ч. -Ан. Ѓорѓи Димчевски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *