ДИМУШЕВСКИ, Никола

ДИМУШЕВСКИ, Никола (Кокан) (Скопје, 26. Ⅳ 1958) – клавијатурист, аранжер, композитор и продуцент. Кариерата ја започнал како клавијатурист на групата „Леб и сол”. Напишал над 200 аранжмани за различни автори и изведувачи во Македонија и во Европа. Автор е на музика (околу 1.500 мин.) за голем број театарски претстави во Европа и во САД. Создавал музика (аудиодизајн) за повеќе радио и ТВ станици. Одржал над 1.000 концерти во целиот свет. Соработувал со Ѕамаха и Радио Франце Интернационал. Издал дваесетина ЦД и ДВД-носачи. Дваесетина години бил музички продуцент во МРТ. М. Кол.