ДИМОСКИ, Славе Ѓорго

ДИМОСКИ, Славе Ѓорго (с. Велестово, Охридско, 1959) – поет за деца и за возрасни, есеист, преведувач. Гимназија завршил во Охрид, а Филолошки факултет во Скопје. Работи како професор по литература во Охридската гимназија. Поетската реч на Славе Ѓорго Димоски се одликува со разиграна имагинација и префинетост на раздиплената мисла, со допадлива анимација на фантазијата за раскошна слобода на експресијата. Пример е на творец со животворен допир до зборот. Феномен е на природно пеење и мислење. БИБ.: Стихозбирки: Гравири, 1979; Проект, 1982; Студен порив, 1985; Последните ракописи, 1988; Спореден пат, 1991; Предмети и аргументи, 1994; Форми на страста, 1999; Темно место, 1999; книги за деца: Алиса, 1989; Кристален сон, 1990; Збороигри, 1991; Стихотека, 2000; избори: Брод од пареа, 1991 и Мајчин јазик (на руски, Москва, 1996). Г. Т. Никола Димушевски