ДИМОВ, ќире

ДИМОВ, ќире (Мал ќире) (Велес, 12. Ⅴ 1912 – Белград, 18. XI 1940) – работник-поет, новинар и активист на работничкото и национално-политичкото движење. По завршувањето на Ⅱ клас во Велешката гимназија (1925), учи столарски занает во градот и работи како калфа кај разни мајстори. Потоа како работник оди во Пеќ, во кавадаречкото с. Прждево, на изградбата на железничката линија Велес-Прилеп; од 1938 г. лете работи како столар во Белград, а зиме се враќа во Велес на истиот занает. Поради прогресивната дејност, првпат паѓа в затвор во 1936 г., вторпат две години подоцна при предизборната активност во с. Извор, третпат по демонстрациите на велешките монополски работници под паролата „Бараме леб!” (1939), а четвртото апсење го доживува во септемвриските крвави демонстрации во Белград (1940). Поради печалбарскиот живот, затворањата и малтретирањата, заболува од туберкулоза и умира (можеби и отруен?) во Белград. Неговиот погреб во родниот град се претвора во голема народна манифестација против постојниот поредок. Близок е до својот сограѓанин и пријател К. Рацин. Интензивно чита и создава богата лична библиотека. Пишува стихови и проза на српски и на македонски јазик. Познати се само дваесетина негови литературни творби. Уште пред 1932 г. прави литературни обиди во поезијата, а на 10. Ⅻ 1933 г. го напишува и првиот расказ „Паѓање од скеле”, напечатен во бр. 2 на подгоричкото сп. „Гранит” (декември 1934). Подоцна соработува и во други периодични публикации во Белград, а најмногу како постојан соработник во скопскиот в. „Наша реч”, каде што се отпечатени и неговите стихотворби на македонски јазик „Пенчо” (5. Ⅰ 1940) и „Балада на незаборавените” (26. Ⅳ 1940). ЛИТ.: ´ира ДимовиÊ – Мал ´ире, „Наша реч”, Ⅱ, 23, Скопље, 30. Ⅻ 1940, 4; Ангел Ж. Димов, Кочо Рацин и Мал ќире, „Народен билтен”, Титов Велес, 15. Ⅰ 1956, 10; Радивоје Пешиќ, Киро Димов, новинар и писател, „Нова Македонија”, 1, 2 и 3. Ⅴ 1959; Радивоје Пешиќ, Три поетске судбине у меѓуратној македонској кнјижевности, „Кнјижевне новине”, Ⅹ, 100, Београд, 28. Ⅷ 1959, 8; Дејан Алексиќ, „Наша реч” 1939–1941. Од историјата на напредниот печат во Македонија, Скопје, 1960, 300–301, 346–347 и 359–360; Радивоје Пешиќ, Четири непознати песни од Киро Димов, „Стремеж”, Х, 1, Прилеп, 1964, 20–23 и 24–27; истиот, Кочо Рацин и Киро Димов, „Културен живот”, IX, 1, Скопје, 1964, 29–30; истиот, Прелистувајќи го новинарскиот бележник на Киро Димов, „Нова Македонија”, 5. Ⅶ 1964, 7; Васил Тоциновски, Кире Димов-Мали, „Современост”, ЏЏИЏ, 5, 1979, 78–89 и 90–101; Блаже Ристовски, Македонскиот стих 1900–1944. Истражувања и материјали, И, Скопје, 1980, 301–306; истиот, Пројави и профили од македонската литературна историја, 2, Скопје, 1982, 258– 261. Бл. Р. Цветан Димов