ДИМОВ, Цветан

ДИМОВ, Цветан (Целе Чаирчанец) (Скопје, 5. Ⅲ 1910 – Скопје, 9. Ⅶ 1942) – шивач и синдикален и политички деец, народен херој. Бил синдикален активист (од 1928), член на КПЈ (од 1933) и на Меѓуструковиот синдикален одбор на Скопје (од 1936), организатор на штрајкови (1936–1940), член на МК на КПЈ, на ПК на КП во Македонија и секретар на Покраинскиот одбор на Црвена помош (1939). Во неговата куќа би-ло одржано Покраинското советување на КП во Македонија (пролетта во 1940). Зел учество и на Земското советување на Црвената помош во Загреб (август 1940), Покраинското советување на Црвената помош (Скопје, јуни 1942), на партиското советување во Козле (22. Ⅵ), на илинденските демонстрации и на формирањето на Првиот скопски НОПО (22. Ⅷ 1942). Како секретар на МК на КПЈ во Скопје (од почетокот на 1942), работел на формирањето на Вториот скопски НОПО (17. Ⅳ 1942), а потоа станал и член на Привремениот ПК КПЈ за Македонија (од почетокот на јуни 1942). По апсењето (во почеток на јули), бил убиен во Обласната полициска управа. Прогласен е за народен херој (26. Ⅶ 1945). ЛИТ.: Данчо Зографски, Народен херој Цветан Димов, Скопје, 1951; Васил Куноски, Димов Ѓорѓија Цветан–Целе Чаирчанец (1909–1942), Народни херои од Македонија, Скопје, 1973, 114–119; Митре Инадески, Цветан Димов, Скопје, 1981; Крсто Здравковски, Да не се заборави, Споменици и спомен белези од НОВ во Скопје, Скопје, 1982; Митре Инадески, Цветан Димов, Скопје, 1985. С. Мл. Андреја Димов -Докурчев