ДИМОВ ПАШАТА, Јон

ДИМОВ ПАШАТА, Јон (с. Тројаци, Прилепско, 1876 – Битола, 1907) – деец на ТМОРО и битолски војвода. Враќајќи се од печалба во Романија, ја искршил вратата на шебедин-бег, каде што порано слугувал (1900), од таму зел пушка и два пиштола и заминал комита во четата на Ѓорѓи Сугарев, а потоа кај војводата Јован Кафеџијата во Битолско. Подоцна оформил своја чета и во Илинденското востание (1903) дејствувал во шурковската Планина и во Преспанско, а потоа во Кичевско и во Битолско. Починал од здобиена рана. ИЗВ.: ДАРМ – Скопје, ПО – Битола, ЗМГ Илинден. ЛИТ.: Спомени и биографии на илинденци, ДАРМ – Подрачно одделение – Битола, Битола, 1993. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *