ДИМОВСКИ, Томислав

ДИМОВСКИ, Томислав (Скопје, 12. Ⅶ 1929) – еден од најстарите и најистакнати македонски новински фоторепортери. Почнал во „Вардар-филм”, а од 1953 г. до пензионирањето (1989) во „Нова Македонија” и „Вечер” и во списанијата „Екран”, „Починка” и „Скок”. Б. П. Ѓ.