ДИМОВСКИ, Стојан

ДИМОВСКИ, Стојан (Еловец, Велес, 10. Ⅵ 1933) – политичар, дипломат и општественик. Во Велес работел како просветен работник; бил претседател во Општинскиот комитет на народната младина и претседател на Општинската конференција на ССРНМ; политички секретар на Општинскиот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија. Потоа станал генерален директор на Радиотелевизија Скопје (1977– 1985). Во тој период се воведува вториот телевизиски канал, се започна со сопствена училишна програма и се снимија значајни играни проекти. До 1990 г. бил во дипломатија. Ј. Ф.