ДИМОВСКИ, Дончо Трајанов

ДИМОВСКИ, Дончо Трајанов (Битола, 1. Ⅹ 1954) – математичар, ред. проф. (1994) на ПМФ. Дипломирал (1976) на Факултетот за математика, магистрирал (1979), а докторирал (1983) со темата „Неедноставно сврзани Касонови рачки” на Универзитетот на Њујорк во Бингамтон (САД), каде што добил награда за најдобра докторска дисертација во 1983 г. Научно работи во неколку области: геометриско-комбинаторна топологија, еднопараметарска теорија на фиксни точки, векторско-вредносни структури и др. Има објавено повеќе од 50 научни трудови и две монографии. шеф (2001–03) на Институтот за математика, главен уредник на списанијата „Сигма” и „Математика македоница”. БИБ.: Нон-симплѕ цоннецтед Цассон хандлес, Пх.Д. тхесис – посебно издание на ПМФ, 1984; К. Тренчевски, Д. Димовски, Цомплеџ 1992; Д. Димовски, Р. Геогхеган, Оне параметер фиџед поинт тхеорѕ, Форум Матхематицум 2, де Груѕтер, 1990, 125–154; К. Тренчевски, Д. Димовски: Он тхе аффине анд пројецтиве цоммутативе (м+к,м)-гроупс, Ј. Алгебра, 240, 2001, 338–365. ЛИТ.: ПМФ 1946–2006, Скопје, 2006; Развој и состојба на математичките науки во СР Македонија, МАНУ, 1987; БУ бр. 759 /’00. Н. Ц.