ДИМКО МОГИЛЧЕТО – в

ДИМКО МОГИЛЧЕТО – в. Сарванов-Могилчето, Димко Илиев. ДИМНА ЈУДА – македонско народно оро што се игра во мешан состав, претежно во Пијанец и Малешевијата, но и во соседните орско-музички подрачја. Рацете се држат меѓусебно за појас, десната пред левата на соседниот играч. Орото започнува со пеење на песната „Димна јуда град градила“. Се игра на цели стапала, а кон крајот, кога се забрзува, орото станува подрипливо. ЛИТ.: Ганчо Пајтонџиев, Македонски народни ора, Скопје, 1973, 28. Ѓ. М. Ѓ.