ДИМИТРОВ, Трајко

ДИМИТРОВ, Трајко (Скопје, 8. Ⅷ 1930) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1956). Работел како проектант во Заводот за станбена изградба во Скопје кој, подоцна, се трансформира во „Македонијапроект”. Проектирал објекти од општествен карактер. Учествувал на повеќе анонимни архитектонски конкурси. Се занимава и со публицистика. Реализирани објекти: Домот на културата „Кочо Рацин” во Скопје (1958); зградата на аеродромот „Скопје” (1966); ОУ „Гоце Делчев” во Кавадарци (1973); административно-деловниот објект „Палома Бјанка” во Скопје (1986); Кошаркарската сала „Работнички” во Скопје (1970); Универзалната спортска сала на Тутунскиот комбинат во Прилеп (1973); покриениот пливачки базен „Младост” во Скопје (1978); Универзалната спортска сала во Куманово (1979). ЛИТ.: М. Токарев и С. Матовски, Арх. Трајко Димитров, Табернакул, Скопје, 2004; Б. Димитрова, Архитект Трајко Димитров (1930), во: Архитектурата на почвата на Македонија од средината на ⅩⅠⅩ до крајот на ХХ век, Прилози за проучувањето на историјата на културата на почвата на Македонија, 14, Скопје 2006, 183–202. Кр. Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *