ДИМИТРОВ, Лазар

ДИМИТРОВ, Лазар (с. Горно Родево, Воденско, 1874 – с. Владово, Воденско, 7. Ⅻ 1903) – учесник во Илинденското востание, воденски реонски војвода. Бил член на ТМОРО од 1897 г. и раководител на селскиот РК. Во Илинденското востание предводел востаничка чета во Воденско. ИЗВ. иЛИТ.: Македони® и Одринско (1893–1903). Мемоар на Вътрешната организаци®, Софи®, 1904. Ал. Тр. Славе Димитров ДИМИТРОВ, Славе (Битола, 1. Ⅵ 1946) – композитор, аранжер и интерпретатор. Како композитор на популарна музика дебитирал на фестивалот Младина ’66 во Суботица, со песната „Ти и твоите очи”. Некои од неговите песни станаа антологиски за македонската поп-музика: „Чија си”, „Тивко, тивко”, „Ти само збориш”, „Дали да ти пријдам” и др. „Чија си” доживеа повеќе верзии и стана популарна и во странство. Во меѓувреме создавал и музика за филмови („Исправи се Делфина”, „Томе од бензинската пумпа” итн.), за драми, за телевизиски серии итн. Како музички продуцент во МРТ (од 1970 г.) за дваесет години реализирал неколку илјади снимки. Бил уметнички директор на повеќе фестивали на популарна и детска музика. М. Кол. ДИМИТРОВ, Стефан (с. Зеленич, Леринско, 1875 – месност Орешки Ливади, Велешко, 27. Ⅳ 1905) – учител, револуционер, велешки околиски војвода. Се школувал во Пловдив и студирал во Софија. Во ТМОРО влегол од 1901 г. Бил учител во Кукуш. Поради пројавената револуционерност бил осуден на осум години робија. По амнестијата (1903) бил во четата на војводата Апостол Терзиев. По Илинденското востание бил назначен за велешки околиски војвода. Загинал во борба со српските чети кај селото Папрадиште, Велешко. ЛИТ.: Ј. Хаџи–Васиљевић, Четничка акција у Старој Србији и Македонији, Београд, 1928; А. Трајановски, Илинденското востание во Велес и Велешко, „Велес”, Ⅶ/7, Велес, 2003. Ал. Тр. Трајко Димитров