ДИМИТРОВ, Драган

ДИМИТРОВ, Драган (Битола, 1933 – Битола, 2006) – редовен професор на Техничкиот факултет во Битола. Дипломирал (1958) и докторирал (1990) на Електротехничкиот факултет во Загреб. Работел во ТТТ секција во Битола, а од 1962 г., по формирањето на Вишата техничка школа во Битола, е избран како професор во редовен работен однос. Во 1972 г. е избран за доцент и (1979) за вонреден хабилитиран професор на Електротехничкиот факултет во Скопје. Редовен професор е на Техничкиот факултет во Битола по предметите Електрични мерења и Индустриска електроника. Бил декан на Факултетот (1982–1984). Објавува учебници и учебни помагала. Еден е од основачите на Друштвото за наука и уметност во Битола (1960) и негов претседател (1980). Гл. К.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *