ДИМИТРОВ, Ванчо

ДИМИТРОВ, Ванчо (с. Зрновци, Кочанско, 10. XI 1945) – композитор и музички новинар. Целиот работен век го поминал во МРТ како новинар и уредник во Редакцијата за забавна музика. Автор е на над 200 забавни мелодии, авторски песни во народен дух и песни за деца („Кажи нешто драга”; „Коњи брзајте”; „Ноќта е створена за грев”; „Стојане, сто те убиле”; „Жетварска љубов”; „ќе ти дојдам на Велигден” и др.). Бил член на квартетот „Импулси”. Како новинар објавил над 100 рецензии, осврти и интервјуа. М. Кол. ДИМИТРОВ, Георги Михајлов