ДИМИТРОВ, Антон Филахтечев

ДИМИТРОВ, Антон Филахтечев (с. Ајватово, Солунско, 1868 – Софија, 13. Ⅲ 1933) – доктор по право, еден од основополжниците на МРО. Завршил егзархиска гимназија во Солун (1889), право во Цариград и Лиеж во Белгија (1899– 1903). Бил учител во Солун (1892– 1897) и во Битола (1897–1899). Антон Димитров зик и по географија. Бил во редот на првите раководители на МРО; член на ЦК (1894–1896); учесник на Солунскиот конгрес на МРО (1896). Бил адвокат во Битола и судија во Цариград. Учествувал во создавањето на Бугарските конституциони клубови. По Балканските војни емигрирал во Бугарија (1913). Во Софија бил активен меѓу македонската емиграција во Бугарија. Оставил пишани спомени за македонското ослободително движење. ЛИТ.: Борис Николов, Вътрешна македоно-одринска револ• циона организация (войводи и ръководители 1893–1934), София, 2001. В. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *