ДИМИТРОВСКИ, Чедомир Мојсов

ДИМИТРОВСКИ, Чедомир Мојсов (Призрен, 16. Ⅱ 1948) – интернист-ендокринолог, редовен проф. (2001). Мед. ф. завршил во Скопје, каде што и специјализирал по интерна медицина (1980), магистрирал (1988) и докторирал (1990). Директор на Клиниката за ендокринологоја (2006). Има објавено над 130 трудови. БИБ.: Дијабетична невропатија, Скопје, 1997; коавтор: Ургентни ендокринолошки и метаболички состојби, Скопје, 1998; Краток курс за водење ургентни состојби кај дијабетесот, Скопје, 2000; Современа дијагностика и терапија во медицината (учебник), Скопје, 2000; Геријатрија (учебник), Скопје, 2001; Учебник по интерна медицина, Скопје, 2003; Клинички испитувања во интерната медицина, Скопје, 2004. Сл. М. П.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *