ДИМИТРОВСКИ, Мирослав Томов

ДИМИТРОВСКИ, Мирослав Томов (Битола, 11. Ⅰ 1936 – Скопје, 9. Ⅹ 2005) – интернист, пулмоалерголог, редовен проф. на Мед. ф. Дипломирал на Мед. ф. во Скопје, а специјализирал интерна медицина во Раденци (Словенија). Бил директор на Клиниката за пулмологија и алергологија, претседател на Македонското респиратор-но здружение. Автор е на бројни стручни и научни трудови. Бр. Н.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *