ДИМИТРОВСКИ, Драган Стрезов

ДИМИТРОВСКИ, Драган Стрезов (Скопје, 20. Ⅻ 1934) – математичар, ред. проф. (1982) на ПМФ. Дипломирал (1958), избран е за асистент (1960) и докторирал (1968) на ПМФ со темата „Прилог кон теоријата на обопштените аналитички функции”. Автор е на голем број трудови од областа на диференцијалните равенки и комплексните функции и коавтор на три монографии. Повеќе години бил уредник на Билтенот на ДМФ од СРМ и главен и одговорен уредник на Годишен зборник на Институтот за математика (1994–1997). Бил продекан на ПМФ (1974–76) и шеф на Институтот за математика (1993–1997). БИБ.: М. Мијатовиќ, Д. Димитровски анд В. Веселиновиќ, Геометрицал Тхеорѕ оф Идеал Нонимагинг Цонцентраторс, Скопје, 1994; Д. Димитровски, Ј. Митевска, Б. Илиевски, М. Рајовиќ, Равенки Векуа со аналитички коефициенти, Скопје, 1997; Д. Димитровски, Ј. Митевска, Бројот е универзална константа на природата, Скопје, 1998. ЛИТ.: ПМФ 1946–2006, монографија, Скопје, 2006; БУ бр. 505/’88. Н. Ц.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *