ДИМИТРОВСКИ, Вангел Димитров

ДИМИТРОВСКИ, Вангел Димитров (с. Попадија, Леринско, 15. Ⅱ 1943) – спец. по болести на устата и забите, проф. на Ст. ф. Хабилитирал во 1978 г., а докторирал во 1990. Публикувал 100 статии. Автор е на монографијата „Промени во имунолошката реактивност кај заболени од пародонталната болест”, коавтор на учебниците „Основи на оралната пропедевтика” и „Диференцијална дијагноза на оралните лезии”. Е. М. Драган Димитровски